Почитувани наши студенти,
Дојде време за нова школска година… За некој од вас ништо ново, но за други за (бруцошите) започнува и еден нов дел од вашиот живот …
Како и да е на сите вас ви посакуваме успех!
Исто така и ве известуваме дека вселувањето на сите студенти кои доставиле документи кај нас во Домот и потпишале договори за сместување ќе биде во
Вторник (30/09/2025г.) од 13час. до 19час.
Сите студенти кои досега немаат извршено уплата на “Депозитот” и “Сместување и Храна за 10/2025” истиот треба да го уплатат пред вселување преку нашата веб страна или на следниот линк:
*Доколку студентот е ослободен од плаќање партиципација за Сместување и Храна треба да му биде уплатен само “Депозитот”
Уплатата за смсетување и храна за месец 10-2025г. можат да ја направат преку нашата веб страна или на следниот линк:
Уплата за Сместување и Храна за 10-2025г.
*Доколку студентот наместо во 4креветн е сместен во 3креветен или 2креветен апартман ќе следува доплата.
На следниот линк имате упатство за тоа “Како се врши Онлајл уплата?”
Доколу имате било какви прашања и нејаснотии слободно контактирајте не.
Се гледаме наскоро,
Тимот на
Студентски Дом “ХИЛЈАДНИКОВ” Штип
smestuvanje@hiljadnikov.com.mk
www.hiljadnikov.com.mk
моб. 076 569 705






