Студентите, кои ги исполнуваат условите во Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги прикачат во ел. апликација и достават следните документи:
1) ДОКУМЕНТИ ОД КОНКУРС
Испечатена ел. пријава заради проверка на податоците
- Потврда за редовен студент (се вади од Факултет), или друг документ со кои ќе се потврди дека студентот е приман на факултет
(види како да ја извадиш потврдата?) - Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години; (ова се вади од факултет, а за студентите од I година (бруцоши), не треба)
- Заверен на факултет образец “УППИ”; (се заверува на факултет види соопштение од каде да го подигнеш)
- Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование
- Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
- Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе го докажат нивниот статус;
- Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка; (сите во фамилијата пополнуваат посебно по еден … на пример пополнуваат и мајка, и татко, и брат, и сестра итн.)
- Изјава за идентичност на податоците;
- Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
- Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец Јуни 2024 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата и тоа
– за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави
а) потврда за плата заверена од овластен орган,
– за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави
а) заверена потврда за плата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот);
б) и заверена декларација (фолио) за прием на платата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот (види урнек како изгледа)
-за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек;
-за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
-за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек;
-за инвалидитет да се достави лекарска белешка;
-за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
11. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи (овие документи студентите не треба да ги вадат):
– уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
– потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
– уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :
– Некомплетна
Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги прикачуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9.
2) ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ДОМОТ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ
*овие доикументи од “Точка 2” НЕ СЕ ПРИКАЧУВААТ НА ЕЛ. АПЛИКАЦИЈА, туку само се пополнуваат и доставуваат во Домот заедно со другите документи.
Студентите да ги пополнат и достават и следните документи за потребите на Домот
2.1 – Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)
2.2 – Договор за сместување (се потпишува во Домот)
2.3 – Изјава против пушење
2.4 – Формулар со основни податоци