Документи се доставуваат само во просториите на студентскиот дом “Хилјадников”-Штип на адреса ген. Михајло Апостолски 18 Штип и тоа:
– студентите од II година и повисоките студиски години документите ги доставуваат од 15.07.2024 год. до 31.07.2024 год.
– студентите од I година документите ги доставуваат од 05.08.2024 год. до 17.09.2024 год.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.