fbpx

+389 (0) 76 569 705

Успешни Приказни од нашите студенти-Кристина
Успешни Приказни од Кристина за најдобриот Студентски Дом Хилјадников Штип
Пишува: проф. Кристина Цветаноска
21/09/2021

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

На мојот прв ден во студентски дом Хилјадников бев возбудена и изгубена додека тимот на домот ме шетаа да го разгледам домот. Возбудена, поради тоа што требаше да ги запознам моите цимерки со кои иако не ги познавав, свесна бев дека ќе треба да живеам со нив, а изгубена бидејќи не знаев што се ме очекува.

Се сместив и паметам дека ми дадоа уште еден плакар за мојата гардероба, потоа се запознав со моите цимерки кои од првиот ден, па се до ден денес ми се блиски и често контактирам. Веднаш се запознав со женичката која ја готвеше храната и штом видов дека таа е прекрасна, веднаш знаев дека тоа ќе биде мој среќен дом.

печатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Апартманите на Хилјадников пред се имаа убава пријатна енергија, опремени беа со нов мебел, во домот имаше читална, безбедноста беше на високо ниво (се влегуваше со посебна картичка), во предниот дел од домот имаше кафиќ со многу пријатен персонал, а исто така како музичар мора да напоменам дека во кафиќот имаше клавир, на кој ми беше дозволено со огромно задоволство да си вежбам.

Со други и кратки зборови, достојно го замени мојот дом на живеење.

Храната, која е најважна во   нашето секојдневие беше прекрасна, и секогаш ако нешто не јадам (од одредени причини), најпрекрасната женичка беше спремна со втора опција на мени која знаеше дека ја обожавам. Исто така, храната секогаш ни беше уредно и чисто сервирана.

Домот Хилјадников ја има најубавата локациа во Штип. Сместен во центарот на градот и блиску до факултетите и сите институции кои му се потребни на еден студент, а исто така и кафиќи и ресторани

Како што кажав погоре, персоналот во домот не пречекуваше и угосуваше на најубав и најтопол можен начин а исто така  внимаваше секогаш на нас.

Околу дружбата со студентите

Покрај моите цимерки, се дружев со сите деца кои беа сместени во домот. Си организираве забави и родендени за кои си имавме посебно добро опремена просторија… Би сакалла пак да се вратам и да ги доживеам барем уштре три пати деновите во студентски дом Хилјадников .. хахахахаах

Градот Штип е пред се доста безбеден и чисто урбанистички уреден град. Има многу добри забави за сечиј вкус. Покрај забавите, доста концерти, изложби, театар, библиотеки ….

Препорака за идните студенти

Велат дека студентските години се едно од најубавите искуства што еден човек може да ги доживее. Велат и дека контактите кои што ги остваруваме во текот на нашето студирање го оформуваат нашиот иден, професионален живот, дека ги носиме со нас, отпрвин како другари и  колеги на факултет, a потоа и како соработници, како пријатели.

Во тој поглед, студентски дом Хилјадников и студиите во Штип се едно од најдобрите искуства што сум ги имала. Беше одлично да се живее со толкав број на студенти, во безбеден град , со еминенти имиња на професори на факултетите.

Топло им преорачувам на студентите да го доживеат градот Штип и домот Хилјадников …

Оцена:

5/5
Поврзани објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
Barber&Bar2
077 665 528 | 078 804 631
ОПТИКА ДР ЛИДИЈА ОКОЛУС ШТИП
078 365 411
АДВОКАТ ЕЛИЗАБЕТА ПАНЕВА
++389 78 319 329
ул."Ген. Михајло Апостолски" 18
локал-1, 2000 Штип
Photographer & Videographer
Wedding | Event
Portrait photographer
ФАН ПОРТАЛ ЗА ЗАБАВНИ ВЕСТИ

За Градот Штип
mk_MK

БЕСПЛАТЕН

e-book

НАЈАВИ СЕ И ПРЕВЗЕМИ
"E-BOOK"
ПАТОКАЗ КАКО ДА ЈА ПОПОЛНИШ ЕЛЕКТРОНСКАТА ФОРМА ПРАВИЛНО!

Не спамираме