Пишува:
родител: Мери Димова од Охрид,
проферсор по македонски јазик
Во студентски дом „Хилјадников“ Штип, мојата ќерка престојуваше три години. Уште кога влеговме првпат да видиме какви се условите, бевме пријатно изненадени. Беше премногу чисто, убави апартманчиња со сите потребни работи, секоја соба со посебна бања, со клима, што придонесе веднаш да донесеме одлука дека тука ќе престојува. Посебно што мене како родител ми беше важно, децата беа на сигурно, имаше сигурносни камери, сигурен начин на затворени врати. Во учењето немаше никакви пречки, имаше дисциплина, кодекс на однесување, а ја користеа и читалната во домот.
Според мене, Студентскиот Дом „Хилјадников“ е одличен избор за сместување студенти.
Оцена:
5/5