Услови за користење
УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И/ИЛИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница www.hiljadnikov.com.mk и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку нашата интернет продавница.
Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.
(1) Вовед
Ве молиме прочитајте ги овие Услови за онлајн купување внимателно.
Од Вас ќе биде побарана согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ и/или услуги од интернет продавницата www.hiljadnikov.com.mk
(2) Толкување на поимите
Во овие Услови за онлајн купување, "ние" значи Студентски Дом Хилјадников Штип ("нас" и "нашите" ќе се толкува соодветно); и "Вие" значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи и/или услуги ("Вашето" ќе се толкува соодветно).
- Процес на нарачка
- Вие мора да додадете било кој од производите и/или услуги кои сакате да ги купите во Вашата кошничка, а потоа да продолжите со плаќањето;
- Ако сте нов клиент, Вие ќе имате можност да креирате Ваш профил на нашата интернет страница, или да продолжите со купување без креирање на профил.
- Откако ќе се најавите, ќе морате да ја потврдите Вашата нарачка.
- Доколку не се најавите преку Ваш профил на нашата интернет страница, во тој случај пред потврдување на нарачката од Вас ќе биде побарано да внесете информации неопходни за потврдување на Вашата нарачка.
- Пред да ја потврдите нарачката, Вие ќе имате можност да идентификувате дали има некакви грешки во податоците внесени од Ваша страна, преку увид во содржината на нарачката. Вие ќе можете да извршите исправка на ваквите грешки преку ажурирање на податоците во нарачката и надополнување на Вашите податоци;
- Откако ќе ја потврдите Вашата нарачка, Вие ќе бидете трансферирани на друга интернет страница каде што ќе биде процесирано Вашето плаќање. Плаќањето ќе се реализира преку E-commerce терминал од Стопанска банка АД Скопје.
- Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме иницијално известување преку е-маил (адреса за е-пошта).
- Веднаш откако ќе извршиме проверка дали Вашата нарачка може да се процесира, ние или ќе Ви испратиме преку е-маил (адреса за е-пошта) официјална потврда за нарачката (во кој момент Вашата нарачка ќе стане обврзувачки договор за двете страни), или пак ќе Ве известиме преку е-маил (адреса за е-пошта) дека нарачката не може да се процесира, при што ќе Ви биде вратен на сметка целокупниот износ кој сте го платиле.
- Дополнително, Вие би можеле де бидете исконтактирани и преку телефон на контакт телефонот наведен во Вашата нарачка.