Успешни Приказни од нашите студенти-Викторија

Пишува: Д-р. Викторија Петреска

„ПЗУ Виталонг“ – Прилеп

Краток опис  за моето пристигнување и престој во градот Штип 

Јас го избрав градот Штип за студирање, поради тоа што од една страна е безбеден студентски град, полн со студенти, каде скоро секој ден има организирани забави во кафичи и дискотеки, но и најдобри театарски претстави. Кога станува збор за превозот во Штип, од една до друга локација или кампус не е потребно повеќе од 15 минути пешачење, па така имавме многу послободно време кое го користевме за дружење или одмор отколку за превоз.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Се сеќавам дека имаше многу студенти кои бевме пријавени и секој од нас чекаше да биди сместен во апартманот. Набрзо по сместувањето и запознавањето со цимерките памтам дека направивме обиколка низ домот, да ги видиме читалната, собата за одмор и секако кафичот во самиот дом, каде што го продолживме запознавањето

Домот има капацитет и услови за многу студенти на кои што им е битно да се во центарот на градот, располага со многу соби со сопствени тоалети. Најбитно собите се со добра изолација, па не мора да се слушаат студентите од соседните соби . Оброците се вклучени за секој студент кој е сместен во домот, па така храната не претставуваше проблем за никој од нас. Во принцип имаше готвена храна, пица, тостови … храната беше секогаш топла и свежо подготвена

Локацијата на домот е баш во центарот на градот, блиску до кафичите, банките, рестораните и секако болницата, каде што се одржуваше мојата пракса

Благодарение на овој дом, стекнавме многу пријатели од многу градови на Македонија кои и ден денес се дружиме и комуницираме. Се организираа родендени, на кои сите кои што бевме сместени во домот, присуствуваме, и секако кој не би сакал толку многу гости на својот роденден.

Персоналот на домот беше љубезен, комуникативен секогаш тука да не поздрави и да одговори на нашите барања.

Препорака за идните студенти

Би им препорачала да не се двоумат и да го направат вистинскиот избор за сместување во домот Хилјадников. Самата локација на домот, храната и огромната читална која нуди сериозно учење во потполна тишина пред испитна сесија, се можеби и трите најбитни работи за еден студент.

Оцена:

5/5
Интересни објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

Не спамираме!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
Barber&Bar2
077 665 528 | 078 804 631
ОПТИКА ДР ЛИДИЈА ОКОЛУС ШТИП
078 365 411
АДВОКАТ ЕЛИЗАБЕТА ПАНЕВА
++389 78 319 329
ул."Ген. Михајло Апостолски" 18
локал-1, 2000 Штип
Photographer & Videographer
Wedding | Event
Portrait photographer
ФАН ПОРТАЛ ЗА ЗАБАВНИ ВЕСТИ

За Градот Штип
WP Radio
WP Radio
OFFLINE LIVE
mk_MK