Успешни Приказни од нашите студенти-Петар

Пишува: Петар Ангеловски

Deutsche Telekom Global Carrier, Будимпешта

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

Првиот ден во студентскиот дом Хилјадников за мене како и за секој бруцош беше интересен и возбудувачки. Тимот на Хилјадников со својата љубезност го направи вселувањето помалку стресно и се сеќавам администрацијата пројде доста брзо.

Потоа следуваше најинтереснион дел, запознавање со новите цимери! Тоа беше искуство што најверојатно ќе го паметам цел живот. Се запознав со новите цимери и одкако се сместивме во собата заминавме во кафулето во склоп на студентскиот дом.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Сместувањето во СД Хилјадников беше многу пријатно. Сите соби беа просторни, климатизирани и најбитно од се со сопствен туш. Мои другари кои заминаа на студии во Скопје не ми веруваа дека во собата имавме дури и сопствен фрижидер. 

Читалната беше убаво осветлена и со добра интернет конекција. Храната во кантината доста вкусна и тоа беше местото каде што секој ден се собиравме сите студенти како една голема фамилија. Секако тука имам голема пофалба до персоналот и женичките што секогаш ни даваа репете 😊.

Дружбата меѓу нас беше вистина преголема, секој се знаеше со секого и секој помагаше на секого, па затоа родендените кои ги прославувавме се незаборавни. Штип е добар студентски град со могу места за излегување. Не е битно која врста на музика преферираш дали џез или техно, сигурно има некој кафич во Штип каде имат таква журка.

Студентскиот Дом Хилјадников е лоциран веројатно на најдоброто место во Штип. Се е на макс. 15 мин пешачење факултет, теретана, кафулиња, автобуска станица, трговски центар, буквално све. Заради тоа скоро никогаш не користев такси во Штип.

Препорака за идните студенти

Студентскиот живот е највредното време во нашиот живот. Тоа е време кога можеме да ја креираме нашата иднина. Ако имаме добра обука во нашиот студентски живот, можеме да бидеме добри граѓани во иднина. Во Хилјадиков ќе го имате едно од најдобрите студентски искуства 😊.

Оцена:

5/5
Интересни објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

Не спамираме!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
Barber&Bar2
077 665 528 | 078 804 631
ОПТИКА ДР ЛИДИЈА ОКОЛУС ШТИП
078 365 411
АДВОКАТ ЕЛИЗАБЕТА ПАНЕВА
++389 78 319 329
ул."Ген. Михајло Апостолски" 18
локал-1, 2000 Штип
Photographer & Videographer
Wedding | Event
Portrait photographer
ФАН ПОРТАЛ ЗА ЗАБАВНИ ВЕСТИ

За Градот Штип
WP Radio
WP Radio
OFFLINE LIVE
mk_MK