Успешни Приказни од нашите студенти-Мартин

Пишува: Мартин Трајановски

Sigma Technology – Шведска

Кратко за градот Штип и излегувањето кафичи ресторани студентски забави

Штип како град во моментите кога јас студирав имаше одлична понуда на ноќен живот и добра забава. Секако живееме во доста динамично време така да работите се менуваат секојдневно во тој поглед. Во одредени моменти имаме подобра забава и поквалитетен живот во други периоди сето тоа е поразлично но генерално за студентите и студентските забави во Штип секогаш има добра атмосфера и расположение.

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

Иако доаѓам од Кочани град кој е многу блиску до Штип се одлучив да престојувам таму наместо да патувам бидејќи тоа ми се виде некако подобра и поинтересна опција. Реално и после 8 години го имам истото мислење и ако би имал можност да бирам, повторно би ја донел истата одлука. Имав престојувано и во изнајмени станови/куќи но некако имав чувство дека сакам да пробам нешто поразлично и затоа аплицирав во студентскиот дом Хилјадников кој според мене беше, а и уште сметам дека е, најдобриот избор во тој момент. Првиот ден беше доста посебен за мене затоа што од тој ден па натаму стекнав доста пријателства кои траат и ден денеска.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Сместувањето и условите се едни од подобрите во Штип а верувам и глобално во цела Македонија. Уште од првиот ден бев изненаден од пријатната атмосфера и одличните услови кои ти овозможуваат истовремено да можеш да се фокусираш на учењето а и лесно да се прилагодиш на новата средина со добро дружење. Меѓу подобрите работи околу условите е тоа што секој од апартманите е опремен со клима уред, свој фрижидер и посебен тоалет што е нешто кое недостасува во повеќето други места од овој тип.

Околу Храната и локацијата на домот

Храната исто така беше солидна и доста важно е самото тоа што добиваш готвени домашни јадења со добар квалитет на самото место каде што си сместен. Тоа игра важна улога во самиот процес на студирање бидејќи прво, не треба да мислиш што и каде ќе јадеш секој ден, а второ е дека сето тоа ти е блиску и лесно на дофат што значи дека не треба да губиш многу време посебно кога имаш доста обврски околу факултет.

Студентскиот дом се наоѓа на топ локација во самиот центар на градот и е блиску до сите важни институции и факултети. Од друга страна е блиску до сите места за забава и рекреација како што се кафичи, ресторани, ноќни клубови, спортски терени, театар, трговски центар итн.

Околу Персоналот

Во овој дел нема што многу да се дискутира бидејќи треба да биде како заклучок од другите точки дека сето тоа не би било можно без одличен персонал.

Препорака за идните студенти

Учете, забавувајте се, дружете се и немојте да се сомневате дека сето тоа можете да го добиете на едно место, а тоа е студентскиот дом Хилјадников 😊

Оцена:

5/5
Интересни објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

Не спамираме!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
Barber&Bar2
077 665 528 | 078 804 631
ОПТИКА ДР ЛИДИЈА ОКОЛУС ШТИП
078 365 411
АДВОКАТ ЕЛИЗАБЕТА ПАНЕВА
++389 78 319 329
ул."Ген. Михајло Апостолски" 18
локал-1, 2000 Штип
Photographer & Videographer
Wedding | Event
Portrait photographer
ФАН ПОРТАЛ ЗА ЗАБАВНИ ВЕСТИ

За Градот Штип
WP Radio
WP Radio
OFFLINE LIVE
mk_MK