2) Потребни Документи

Студентите, кои ги исполнуваат условите во Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги прикачат во ел. апликација и достават следните документи:

 

1)  ДОКУМЕНТИ ОД КОНКУРС 

Испечатена ел. пријава заради проверка на податоците

  1. Потврда за редовен студент (се вади од Факултет),  или друг документ со кои ќе се потврди дека студентот е приман на факултет
    (види како да ја извадиш потврдата?)
  2. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години; (ова се вади од факултет, а за студентите од I година (бруцоши), не треба)
  3. Заверен на факултет образец “УППИ”; (се заверува на факултет)
  4. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование
  5. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
  6. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе го докажат нивниот статус;
  1. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;  (сите во фамилијата пополнуваат посебно по еден  … на пример пополнуваат и мајка, и татко, и брат, и сестра итн.)
  2. Изјава за идентичност на податоците; 
  3. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
  4. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2023 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата и тоа

– за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави
а) потврда за плата заверена од овластен орган,

– за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави
а) заверена потврда за плата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот);
б) и заверена декларација (фолио) за прием на платата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот (види урнек како изгледа)

-за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек;

-за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

-за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек;

-за инвалидитет да се достави лекарска белешка;

-за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;

11. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи (овие документи студентите не треба да ги вадат):
– уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

– потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;

– уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е :

–       Некомплетна

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги прикачуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9.

2) ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ДОМОТ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ

*овие доикументи од “Точка 2”  НЕ СЕ ПРИКАЧУВААТ НА ЕЛ. АПЛИКАЦИЈА, туку само се пополнуваат и доставуваат во Домот заедно со другите документи.

Студентите да ги пополнат и достават и следните документи за потребите на Домот

2.1 – Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)

2.2 – Договор за сместување
2.3 – Изјава против пушење
2.4 – Формулар со основни податоци

СПАКУВАНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ

И ДОСТАВУВАЊЕ ВО ДОМОТ

Конкурс за студиската 2023/24 г.

за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во РСМ

Комплет документи од точка 1

за пополнување и доставување во Домот согласно Конкурсот

Документи за Домот од точка 2

документи потребни при упис во Домот при склучување на договор за сместување

Интересни објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

Не спамираме!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
Barber&Bar2
077 665 528 | 078 804 631
ОПТИКА ДР ЛИДИЈА ОКОЛУС ШТИП
078 365 411
АДВОКАТ ЕЛИЗАБЕТА ПАНЕВА
++389 78 319 329
ул."Ген. Михајло Апостолски" 18
локал-1, 2000 Штип
Photographer & Videographer
Wedding | Event
Portrait photographer
ФАН ПОРТАЛ ЗА ЗАБАВНИ ВЕСТИ

За Градот Штип
WP Radio
WP Radio
OFFLINE LIVE
mk_MK