Сместување во Студентски Дом Хилјадников: како аплициравме и завршивме се за 1 ден?

Нашето дете е студент и еве веќе 3 години по ред е сместен во Студентски дом Хилјадников во Штип.

Го пишувам овој текст зошто сакам да ви објаснам како целиот процес функционира и би сакала да имаше некој ова мене да ми го каже кога најмногу бевме загрижени за сместување на нашиот иден студент – од собирање на документи, аплицирање па се до вселување.

Пишува: Вера Димоска од Битола, родител 

Сместувањето на моето дете студент во овој Студентски дом е најдобрата одлука која ја донесовме пред неколку години. Денес тоа е студент 3-та година на Медицински Факултет при универзитетот Гоце Делчев-Штип и сеуште е сместено во истиот дом.

Ако оваа година и вие за прв пат го запишувате вашето дете на факултет сигурно сте во дилема за сместувањето каде, како и што, зошто го испрќате во нов град, нова средина…

Се прашувате дали ќе се снајде само, што ќе јаде, со кого ќе се дружи, дали ќе се вклопи во новата средина, дали ќе учи или само ќе шета.

Уште поголем проблем за вас е ако не најдете сместување на време може да останете без избор.

Процесот за аплицирање е неверојатно брз и така можете да бидете сигурни дека вашот студент е целосно обезбеден.

Инаку Студентски дом Хилјадников се наоѓа во стогиот центар на градот Штип близу до поголемиот број на факултети. Како што кажав претходно моето дете е студент на Медицински Факултет така што е многу блиску на околу 5 мин. одење пешки од домот. Но ова важи и за другите факултети како Економски, Правен, Ликовна, Музичка Академија, Факултет за образовни науки, Информатика и др. Апартманите им се 2 креветни, 3 креветни, 4 креветни и сите се климатизирани со бесплатен интернет и кабловска телевизија, а во нив има мини кујна и фрижидер како и засебен тоалет со туш.

Студентите се хранат во студентска кујна која е во склоп на домот и морам да истакнам дека храната им е одлична. Исто така многу битно има читална, перална пинг-понг. Во домот е инсталиран видео надзор, а влезот е со електронски клуч.

Ако сте истражувале на интернет или сте се распрашувале наоколу сигурно сте наишле на многу информации кои можеби се и контрадикторни, што на разни форуми, што од познаници – некои ви велат ви требаат 1000 документи не можете да ги соберете, други ви велат ви требаат конекции и протекции, трети ви велат многу е лесно. Но што е всушност Вистината?

Вистината e дека сместувањето во Студентски дом Хилјадников е многу лесно за најголем дел од студентите само треба да го следите процесот кој е многу лесен и брз, а еве што треба да направете.

Процес и патоказ за успешна апликација

Најпрво ви препорачувам да си резервирате место бидејќи сега е возможно да се направи и online, додека порано моравме да трчаме во банка да отсуствуваме од работа и сл., а сега е супер лесно и едноставно и брзо се резервира online со картичка.

Ако вашето дете за прв пат се запишува на факултет (бруцош)

Околу документи кои нам тогаш ни беа потребни.

Прво ја копирате дипломата од матура од средно, многу битно е да ја ископирате пред да ги поднесете документите за упис на факултет бидејки таму ќе ви ја задржат истата.

Ако вашето дете сега студент II, III или IV година

Од е-индекс на факултетот студентот ги вади овие 2 документи.

Потврда за редовен студент и

Уверение со положени испити од претходната година

Овие документи ги порачува online на факултетот и доаѓа на студентски прашања да ги подигне. Воедно доставува  УППИ образец за да му го заверат.

Документи за сите студнти

Потоа ако имате уште едно дете и ако тоа е ученик или студент за истото треба извадете Потврда од школо дека е ученик или Потврда од факултет дека е студент .

Вие како родители доколку сте вработени треба од работа да извадете потврда за вработување каде ке го пишува и вашиот личен доход за последниот месец.

И за оние кои се вработени во приватни фирми треба од фирмата да побарате да ви издадат копија од Декларацијата за помината плата (види урнек).

Доколку сте земјоделец треба да извадете потврда дека сте регистриран земјоделец.

Ако сте невработен тогаш потврда од Агенција за вработување дека сте невработено лице.

Ова се документите кој во најголем дел од случаите се потребни, но за да бидете сигурни во која група припагате прочитајте на страната “Потребни документи”.

Сите останати формулари за пополнување можете да ги симнете on-line од страната “Потребни документи”. Ги симнувате ги потполнувате и ги доставувате во домот во зададените рокови.

Сакам да ви кажам дека кога ги собравме овие документи се јавивме телефонот 076 569 705 и заедно со лицето одговорно кај нив ги пројдовме односно направивме брза проверка на сите документи. Овој разговор навистина ми помогна да не направам грешка за да не ми фали некој од формуларите така да кога дојде време да ги доставам бев сигурна дека ми се сите комплетни. Од оваа  временска дистанца добро е што се јавив бидејќи можеше да да имам некоја грешка и ќе требаше да патувам двапати и да правам дополнителни трошоци.

Аx, да… Протекции и конекции секако не се потребни кога аплицирате во Студентски дом Хилјадников и тоа на време и со комплет документи.

Би сакала да имаше некој мене ова да ми го каже тогаш, но ете сега затоа го споделувам ова со вас, па се надевам ќе ви помогне во целиот процес за сместување на вашиот студент.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Поврзани објави

Биди секогаш во тек со сите новитети!

Не спамираме!

- PRIMEHOME-

продажба на станбен и деловен простор во центарот на Штип
Ново
За Градот Штип