Конечните списоци за прием на студентите ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството и тоа:
- за студентите од II година и повисоките години на 05.09.2023 год.
- за студентите I година на 30.09.2023 год.
Приговор по однос на резултатите да се доставуваат во домот во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Ако бројот на студенти кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2 од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.