Конечните списоци за прием на студентите ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството и тоа:
- за студентите од II година и повисоките години на 30.08.2021 год.
- за студентите I година на 30.09.2021 год.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2. од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.