Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот ако одлучат да пополнат ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА таа е поставена на интернет порталот
(ќе биде активна во зададените рокови подолу)
*тие што нема да пополнат ел. пријава документите треба да ги достават во просториите на домот во хартиена форма така што ке ги прегледаме и доколку има потреба ќе ги корегираме на време.
КАКО ДА НАПРАВИШ ЕЛ. ПРИЈАВА ВО САМО 10 ЧЕКОРИ?
Роковите за електронско пријавување на студенти се:
за II година и повисоките студиски години: 26.07.2021 год. до 20.08.2021 год.
за I година (бруцоши) рокот почнува од 06.09.2021 год. до 24.09.2021 год.
По објавување на конечните списоци со примени студенти во домот, доколку останат непополнети места, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 15.11.2021 година.
Aко Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација, кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови.
Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава пред доставувањето на потребните документи.