Успешни Приказни од нашите студенти-Адријана

Пишува: Андријана Најденковска

Алкалоид АД Скопје

Кратко за градот Штип

Пред се е безбеден град, се повеќе се средува, секогаш има кај да се прошета и да се види нешто ново. Рестораните имаат прекрасна храна и солидини цени.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Возбуда, големи очекувања и немаше простор за страв затоа што персоналот ни беше секогаш на располагање. Апартманите се баш како во хотел, со сопствено купатило, клима, нови кревети, чисто и пријатно. Храната најчесто беше готвена, се обврнуваше внимание и на желбите на студентите, топла и свежо подготвена.

Доколку сакате да ви е се на дофат, тогаш овој студентски дом е вашиот правилен избор. Имав максимум 15мин. пешачење до факултет, а центарот е на само на една минута.

 

Љубезни, секогаш достапни за студентите, за било кој проблем или недостаток излегуваа во пресрет, таков е персоналот во домот.

За дружбата со студентите

Прекрасно искуство, запознавање колеги/колешки од цела држава. Уствари имав и цимерка од Нигерија :), славевме заедно родендени, празници и за секој положен испит.  Пријателствата од таму траат и ден денс и за тоа благодарам на студентскиот дом. 

Препорака за идните студенти

Доколку вашиот избор е градот Штип, тогаш уште подобра одлука ќе ви биде доклку го одберете баш студентскиот дом Хилјадников за ваш безбеден престој.

Оцена:

5/5

Успешни Приказни од нашите студенти-Мартин

Пишува: Мартин Трајановски

Sigma Technology – Шведска

Кратко за градот Штип и излегувањето кафичи ресторани студентски забави

Штип како град во моментите кога јас студирав имаше одлична понуда на ноќен живот и добра забава. Секако живееме во доста динамично време така да работите се менуваат секојдневно во тој поглед. Во одредени моменти имаме подобра забава и поквалитетен живот во други периоди сето тоа е поразлично но генерално за студентите и студентските забави во Штип секогаш има добра атмосфера и расположение.

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

Иако доаѓам од Кочани град кој е многу блиску до Штип се одлучив да престојувам таму наместо да патувам бидејќи тоа ми се виде некако подобра и поинтересна опција. Реално и после 8 години го имам истото мислење и ако би имал можност да бирам, повторно би ја донел истата одлука. Имав престојувано и во изнајмени станови/куќи но некако имав чувство дека сакам да пробам нешто поразлично и затоа аплицирав во студентскиот дом Хилјадников кој според мене беше, а и уште сметам дека е, најдобриот избор во тој момент. Првиот ден беше доста посебен за мене затоа што од тој ден па натаму стекнав доста пријателства кои траат и ден денеска.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Сместувањето и условите се едни од подобрите во Штип а верувам и глобално во цела Македонија. Уште од првиот ден бев изненаден од пријатната атмосфера и одличните услови кои ти овозможуваат истовремено да можеш да се фокусираш на учењето а и лесно да се прилагодиш на новата средина со добро дружење. Меѓу подобрите работи околу условите е тоа што секој од апартманите е опремен со клима уред, свој фрижидер и посебен тоалет што е нешто кое недостасува во повеќето други места од овој тип.

Околу Храната и локацијата на домот

Храната исто така беше солидна и доста важно е самото тоа што добиваш готвени домашни јадења со добар квалитет на самото место каде што си сместен. Тоа игра важна улога во самиот процес на студирање бидејќи прво, не треба да мислиш што и каде ќе јадеш секој ден, а второ е дека сето тоа ти е блиску и лесно на дофат што значи дека не треба да губиш многу време посебно кога имаш доста обврски околу факултет.

Студентскиот дом се наоѓа на топ локација во самиот центар на градот и е блиску до сите важни институции и факултети. Од друга страна е блиску до сите места за забава и рекреација како што се кафичи, ресторани, ноќни клубови, спортски терени, театар, трговски центар итн.

Околу Персоналот

Во овој дел нема што многу да се дискутира бидејќи треба да биде како заклучок од другите точки дека сето тоа не би било можно без одличен персонал.

Препорака за идните студенти

Учете, забавувајте се, дружете се и немојте да се сомневате дека сето тоа можете да го добиете на едно место, а тоа е студентскиот дом Хилјадников 😊

Оцена:

5/5

Успешни Приказни од нашите студенти-Кристина

Пишува: проф. Кристина Цветаноска

ООУ “Д.Р.Владимир Полежиноски” – Кичево

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

На мојот прв ден во студентски дом Хилјадников бев возбудена и изгубена додека тимот на домот ме шетаа да го разгледам домот. Возбудена, поради тоа што требаше да ги запознам моите цимерки со кои иако не ги познавав, свесна бев дека ќе треба да живеам со нив, а изгубена бидејќи не знаев што се ме очекува.

Се сместив и паметам дека ми дадоа уште еден плакар за мојата гардероба, потоа се запознав со моите цимерки кои од првиот ден, па се до ден денес ми се блиски и често контактирам. Веднаш се запознав со женичката која ја готвеше храната и штом видов дека таа е прекрасна, веднаш знаев дека тоа ќе биде мој среќен дом.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Апартманите на Хилјадников пред се имаа убава пријатна енергија, опремени беа со нов мебел, во домот имаше читална, безбедноста беше на високо ниво (се влегуваше со посебна картичка), во предниот дел од домот имаше кафиќ со многу пријатен персонал, а исто така како музичар мора да напоменам дека во кафиќот имаше клавир, на кој ми беше дозволено со огромно задоволство да си вежбам.

Со други и кратки зборови, достојно го замени мојот дом на живеење.

Храната, која е најважна во   нашето секојдневие беше прекрасна, и секогаш ако нешто не јадам (од одредени причини), најпрекрасната женичка беше спремна со втора опција на мени која знаеше дека ја обожавам. Исто така, храната секогаш ни беше уредно и чисто сервирана.

Домот Хилјадников ја има најубавата локациа во Штип. Сместен во центарот на градот и блиску до факултетите и сите институции кои му се потребни на еден студент, а исто така и кафиќи и ресторани

Како што кажав погоре, персоналот во домот не пречекуваше и угосуваше на најубав и најтопол можен начин а исто така  внимаваше секогаш на нас.

Околу дружбата со студентите

Покрај моите цимерки, се дружев со сите деца кои беа сместени во домот. Си организираве забави и родендени за кои си имавме посебно добро опремена просторија… Би сакалла пак да се вратам и да ги доживеам барем уштре три пати деновите во студентски дом Хилјадников .. хахахахаах

Градот Штип е пред се доста безбеден и чисто урбанистички уреден град. Има многу добри забави за сечиј вкус. Покрај забавите, доста концерти, изложби, театар, библиотеки ….

Препорака за идните студенти

Велат дека студентските години се едно од најубавите искуства што еден човек може да ги доживее. Велат и дека контактите кои што ги остваруваме во текот на нашето студирање го оформуваат нашиот иден, професионален живот, дека ги носиме со нас, отпрвин како другари и  колеги на факултет, a потоа и како соработници, како пријатели.

Во тој поглед, студентски дом Хилјадников и студиите во Штип се едно од најдобрите искуства што сум ги имала. Беше одлично да се живее со толкав број на студенти, во безбеден град , со еминенти имиња на професори на факултетите.

Топло им преорачувам на студентите да го доживеат градот Штип и домот Хилјадников …

Оцена:

5/5

Успешни Приказни од нашите студенти-Викторија

Пишува: Д-р. Викторија Петреска

„ПЗУ Виталонг“ – Прилеп

Краток опис  за моето пристигнување и престој во градот Штип 

Јас го избрав градот Штип за студирање, поради тоа што од една страна е безбеден студентски град, полн со студенти, каде скоро секој ден има организирани забави во кафичи и дискотеки, но и најдобри театарски претстави. Кога станува збор за превозот во Штип, од една до друга локација или кампус не е потребно повеќе од 15 минути пешачење, па така имавме многу послободно време кое го користевме за дружење или одмор отколку за превоз.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Се сеќавам дека имаше многу студенти кои бевме пријавени и секој од нас чекаше да биди сместен во апартманот. Набрзо по сместувањето и запознавањето со цимерките памтам дека направивме обиколка низ домот, да ги видиме читалната, собата за одмор и секако кафичот во самиот дом, каде што го продолживме запознавањето

Домот има капацитет и услови за многу студенти на кои што им е битно да се во центарот на градот, располага со многу соби со сопствени тоалети. Најбитно собите се со добра изолација, па не мора да се слушаат студентите од соседните соби . Оброците се вклучени за секој студент кој е сместен во домот, па така храната не претставуваше проблем за никој од нас. Во принцип имаше готвена храна, пица, тостови … храната беше секогаш топла и свежо подготвена

Локацијата на домот е баш во центарот на градот, блиску до кафичите, банките, рестораните и секако болницата, каде што се одржуваше мојата пракса

Благодарение на овој дом, стекнавме многу пријатели од многу градови на Македонија кои и ден денес се дружиме и комуницираме. Се организираа родендени, на кои сите кои што бевме сместени во домот, присуствуваме, и секако кој не би сакал толку многу гости на својот роденден.

Персоналот на домот беше љубезен, комуникативен секогаш тука да не поздрави и да одговори на нашите барања.

Препорака за идните студенти

Би им препорачала да не се двоумат и да го направат вистинскиот избор за сместување во домот Хилјадников. Самата локација на домот, храната и огромната читална која нуди сериозно учење во потполна тишина пред испитна сесија, се можеби и трите најбитни работи за еден студент.

Оцена:

5/5

1) Резултати II-ра и повисоките години

Резултати од конкурс за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии

Честитки за Нашите Партнери

ЧЕСТИТКИ ЗА ВАС ПРОДОЛЖЕТЕ СО УСПЕХ!

Додека ти се мислиш некој некаде ужива, но и генерира приходи  за себе.

Регистрирај се !

ПОБРЗАЈ БРОЈОТ Е ОГРАНИЧЕН

Affiliate програма “од Студенти за Студенти”

ДОДЕКА УЖИВАШ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ
ПРЕПОРАЧАЈ ГО ДОМОТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ИДЕН НОВ СТУДЕНТ И ГЕНЕРИРАЈ “ПАСИВНИ ПРИХОДИ” ЗА ТЕБЕ

БИДИ ПАРТНЕР НА НАЈДОБРИОТ СТУДЕНТСКИ ДОМ ВО ШТИП

Чекор 1: Правиш регистрација и чекаш одобрување на е-маил

Чекор 2: Доколку нашиот тим те прифати за партнер вршиш најава во системот

Чекор 3: Во твојот профил имаш твој автентичен линк кој треба да го препратиш на идните нови студенти

Чекор 4: За секој нов студент кој ке резервира место преку твојот линк ти добиваш процент од неговата уплата.

Додека ти уживаш некаде, колку повеќе студенти направат резервации кај нас преку твојот линк, толку повеќе приходи ќе генерираш за себе.

ПОБРЗАЈ БРОЈОТ Е ОГРАНИЧЕН