Резултати Продолжен рок 1

Стите примени студенти во рок од 5 дена треба да дојдат и потпишат договори за сместување со Домот.

Документи потребни за упис во Домот при склучување на договор за сместување

2.1 – Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)

2.2 – Договор за сместување (се потпишува лично во Домот)
2.3 – Изјава против пушење
2.4 – Формулар со основни податоци

Резултати од конкурс за сместување во студентски домови за студенти од Втора и повисоки години на студии

Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите.

Резултати I-ва година (бруцоши)

Резултати од конкурс за сместување во студентски домови за студенти од Прва година на студии (Бруцоши)

Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите.

Стите примени студенти во рок од 5 дена треба да дојдат и потпишат договори за сместување со Домот.

Документи потребни за упис во Домот при склучување на договор за сместување

2.1 – Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)

2.2 – Договор за сместување (се потпишува лично во Домот)
2.3 – Изјава против пушење
2.4 – Формулар со основни податоци

Резултати II-ра и повисоките години

Стите примени студенти во рок од 5 дена треба да дојдат и потпишат договори за сместување со Домот.

Документи потребни за упис во Домот при склучување на договор за сместување

2.1 – Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)

2.2 – Договор за сместување (се потпишува лично во Домот)
2.3 – Изјава против пушење
2.4 – Формулар со основни податоци

Резултати од конкурс за сместување во студентски домови за студенти од Втора и повисоки години на студии

Приговор по однос на резултатите, секој студент може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите.

Потврда за редовен студент

Потврдата за редовен студент се вади од факултет

За да можете да ја извадете најпрво треба да бидете запишани на факултетот да ви биде уплатен семестарот и сл.

Дури тогаш од факултетот ќе ви биде испратено корисничко име и лозинка за да можете да се најавите на страната на е-индекс

https://students.ugd.edu.mk/

потоа го внесувате корисничкото име и лозинка за да се логирате

во менито одбирате “БАРАЊЕ ОД СТУДЕНТ”

потоа во пагачкото мени одбирате “ПОТВРДА ЗА СТУДЕНТ”

потоа кликате на  “КРЕИРАЈ БАРАЊЕ”

внимавајте треба да имате 100ден. на сметката за да може да ви биде издадена потврдата

Истата ја подигате од факултет кога ке ви биде изготвена

Известување за Вселување

Известување за сите студенти кои се примени во Студентски Дом Хилјадников Штип дека вселувањето ке биде во: 

Четврток 06-10-2022 год. од 11:00-18:00час.

Сите студенти треба да имат извршено уплата за месец 10/2022 год.

Истата можат да ја направат на следниот линк:

Сместување во Студентски Дом Хилјадников: како аплициравме и завршивме се за 1 ден?

Нашето дете е студент и еве веќе 3 години по ред е сместен во Студентски дом Хилјадников во Штип.

Го пишувам овој текст зошто сакам да ви објаснам како целиот процес функционира и би сакала да имаше некој ова мене да ми го каже кога најмногу бевме загрижени за сместување на нашиот иден студент – од собирање на документи, аплицирање па се до вселување.

Пишува: Вера Димоска од Битола, родител 

Сместувањето на моето дете студент во овој Студентски дом е најдобрата одлука која ја донесовме пред неколку години. Денес тоа е студент 3-та година на Медицински Факултет при универзитетот Гоце Делчев-Штип и сеуште е сместено во истиот дом.

Ако оваа година и вие за прв пат го запишувате вашето дете на факултет сигурно сте во дилема за сместувањето каде, како и што, зошто го испрќате во нов град, нова средина…

Се прашувате дали ќе се снајде само, што ќе јаде, со кого ќе се дружи, дали ќе се вклопи во новата средина, дали ќе учи или само ќе шета.

Уште поголем проблем за вас е ако не најдете сместување на време може да останете без избор.

Процесот за аплицирање е неверојатно брз и така можете да бидете сигурни дека вашот студент е целосно обезбеден.

Инаку Студентски дом Хилјадников се наоѓа во стогиот центар на градот Штип близу до поголемиот број на факултети. Како што кажав претходно моето дете е студент на Медицински Факултет така што е многу блиску на околу 5 мин. одење пешки од домот. Но ова важи и за другите факултети како Економски, Правен, Ликовна, Музичка Академија, Факултет за образовни науки, Информатика и др. Апартманите им се 2 креветни, 3 креветни, 4 креветни и сите се климатизирани со бесплатен интернет и кабловска телевизија, а во нив има мини кујна и фрижидер како и засебен тоалет со туш.

Студентите се хранат во студентска кујна која е во склоп на домот и морам да истакнам дека храната им е одлична. Исто така многу битно има читална, перална пинг-понг. Во домот е инсталиран видео надзор, а влезот е со електронски клуч.

Ако сте истражувале на интернет или сте се распрашувале наоколу сигурно сте наишле на многу информации кои можеби се и контрадикторни, што на разни форуми, што од познаници – некои ви велат ви требаат 1000 документи не можете да ги соберете, други ви велат ви требаат конекции и протекции, трети ви велат многу е лесно. Но што е всушност Вистината?

Вистината e дека сместувањето во Студентски дом Хилјадников е многу лесно за најголем дел од студентите само треба да го следите процесот кој е многу лесен и брз, а еве што треба да направете.

Процес и патоказ за успешна апликација

Најпрво ви препорачувам да си резервирате место бидејќи сега е возможно да се направи и online, додека порано моравме да трчаме во банка да отсуствуваме од работа и сл., а сега е супер лесно и едноставно и брзо се резервира online со картичка.

Ако вашето дете за прв пат се запишува на факултет (бруцош)

Околу документи кои нам тогаш ни беа потребни.

Прво ја копирате дипломата од матура од средно, многу битно е да ја ископирате пред да ги поднесете документите за упис на факултет бидејки таму ќе ви ја задржат истата.

Ако вашето дете сега студент II, III или IV година

Од е-индекс на факултетот студентот ги вади овие 2 документи.

Потврда за редовен студент и

Уверение со положени испити од претходната година

Овие документи ги порачува online на факултетот и доаѓа на студентски прашања да ги подигне. Воедно доставува  УППИ образец за да му го заверат.

Документи за сите студнти

Потоа ако имате уште едно дете и ако тоа е ученик или студент за истото треба извадете Потврда од школо дека е ученик или Потврда од факултет дека е студент .

Вие како родители доколку сте вработени треба од работа да извадете потврда за вработување каде ке го пишува и вашиот личен доход за последниот месец.

И за оние кои се вработени во приватни фирми треба од фирмата да побарате да ви издадат копија од Декларацијата за помината плата (види урнек).

Доколку сте земјоделец треба да извадете потврда дека сте регистриран земјоделец.

Ако сте невработен тогаш потврда од Агенција за вработување дека сте невработено лице.

Ова се документите кој во најголем дел од случаите се потребни, но за да бидете сигурни во која група припагате прочитајте на страната “Потребни документи”.

Сите останати формулари за пополнување можете да ги симнете on-line од страната “Потребни документи”. Ги симнувате ги потполнувате и ги доставувате во домот во зададените рокови.

Сакам да ви кажам дека кога ги собравме овие документи се јавивме телефонот 076 569 705 и заедно со лицето одговорно кај нив ги пројдовме односно направивме брза проверка на сите документи. Овој разговор навистина ми помогна да не направам грешка за да не ми фали некој од формуларите така да кога дојде време да ги доставам бев сигурна дека ми се сите комплетни. Од оваа  временска дистанца добро е што се јавив бидејќи можеше да да имам некоја грешка и ќе требаше да патувам двапати и да правам дополнителни трошоци.

Аx, да… Протекции и конекции секако не се потребни кога аплицирате во Студентски дом Хилјадников и тоа на време и со комплет документи.

Би сакала да имаше некој мене ова да ми го каже тогаш, но ете сега затоа го споделувам ова со вас, па се надевам ќе ви помогне во целиот процес за сместување на вашиот студент.

Успешни Приказни од нашите студенти-Изабела

Пишува Д-р. Изабела Брсакоска

ПЗУ Д-р Илија Караманов

Кратко за градот Штип 

Штип е одличен град за студирање, има преубави места за излегување каде што се организираат голем број на студентски забави.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Условите се одлични, апартманите се големи со удобни кревети и во секоја соба има  посебна кујна со фрижидер и тоалет.

Храната е супер, секогаш топла и свежо подготвена.

Лоциран е во центарот на градот, близу сите факултети.

Персоналот е пријатен и секогаш достапен за се што е потребно.

Има одлична дружба и студентски живот, а сепак пријатна атмосфера за учење.

Препорака за идните студенти

Топло ви го препорачувам студентскиот дом Хилјадников затоа што располага со се што е потребно во текот на студиите.

Оцена:

5/5

Успешни Приказни од нашите студенти-Петар

Пишува: Петар Ангеловски

Deutsche Telekom Global Carrier, Будимпешта

За првиот ден во Студентски Дом Хилјадников

Првиот ден во студентскиот дом Хилјадников за мене како и за секој бруцош беше интересен и возбудувачки. Тимот на Хилјадников со својата љубезност го направи вселувањето помалку стресно и се сеќавам администрацијата пројде доста брзо.

Потоа следуваше најинтереснион дел, запознавање со новите цимери! Тоа беше искуство што најверојатно ќе го паметам цел живот. Се запознав со новите цимери и одкако се сместивме во собата заминавме во кафулето во склоп на студентскиот дом.

Впечатоци од сместувањето и условите во Студентски Дом Хилјадников

Сместувањето во СД Хилјадников беше многу пријатно. Сите соби беа просторни, климатизирани и најбитно од се со сопствен туш. Мои другари кои заминаа на студии во Скопје не ми веруваа дека во собата имавме дури и сопствен фрижидер. 

Читалната беше убаво осветлена и со добра интернет конекција. Храната во кантината доста вкусна и тоа беше местото каде што секој ден се собиравме сите студенти како една голема фамилија. Секако тука имам голема пофалба до персоналот и женичките што секогаш ни даваа репете 😊.

Дружбата меѓу нас беше вистина преголема, секој се знаеше со секого и секој помагаше на секого, па затоа родендените кои ги прославувавме се незаборавни. Штип е добар студентски град со могу места за излегување. Не е битно која врста на музика преферираш дали џез или техно, сигурно има некој кафич во Штип каде имат таква журка.

Студентскиот Дом Хилјадников е лоциран веројатно на најдоброто место во Штип. Се е на макс. 15 мин пешачење факултет, теретана, кафулиња, автобуска станица, трговски центар, буквално све. Заради тоа скоро никогаш не користев такси во Штип.

Препорака за идните студенти

Студентскиот живот е највредното време во нашиот живот. Тоа е време кога можеме да ја креираме нашата иднина. Ако имаме добра обука во нашиот студентски живот, можеме да бидеме добри граѓани во иднина. Во Хилјадиков ќе го имате едно од најдобрите студентски искуства 😊.

Оцена:

5/5