Како резултат на напорите на Владата на Република  Македонија да изгради модерен образовен систем кој ќе одговори на современите општествени потреби, во 2007 во градот Штип беше основан Уни-верзитетот „Гоце Делчев“-Штип. На Универзитетот денес студираат повеќе од 15.000 студенти.

Со цел на студентите да им се олеснат и подобрат условите за сместување, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Владата на Република Македонија се основа Приватниот Студентски Дом "ХИЛЈАДНИКОВ".

Студентскиот дом "Хилјадников" располага со капацитет од вкупно 60 легла.