1) ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МОН
Објавено на 09-07-2020


Студентите, кои ги исполнуваат условите по Конкурсот и пополниле електронска пријава, потребно е да ги достават следните документи:

1. Молба со платена административна такса од 50,00 денари; (да се достави и уплатницата од платената административна такса види урнек)

2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава и  Испечатена ел. пријава заради проверка на податоците (точка 4);

3. Потврда за редовност во текот на студиите;

5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години; (ова се вади од факултет, за студентите од I година бруцоши, не треба)

6. Заверен на факултет образец “УППИ”; (се заверува на факултет)

7. Студентите запишани за прв пат во I година, доставуваат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кои ќе потврдат дека се примени на факултет)

8. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;

9. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;

10. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство  (пополнуваат сите по еден  во фамилијата... пр. мајка, татко, брат, сестра итн.) со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;

11. Изјава за идентичност на податоците;

12. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;

13. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни 2020 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата и тоа

- за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави
а) потврда за плата заверена од овластен орган,

- за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави
а) заверена потврда за плата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот);
б) и заверена декларација (фолио) за прием на платата (ја издава и заверува приватната фирма во која е вработен родителот-старателот види урнек како изгледа)

-за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек;

-за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

-за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек;

-за инвалидитет да се достави лекарска белешка;

-за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;

14. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи (овие документи студентите не треба да ги вадат):
- уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

- потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;

- уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.



15. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12.


2) ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ДОМОТ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Заради настанатата ситуација со епидемијата со КОВИД19 и заради избегнување на масовни собирања и групирања, како и да се избегнат повекекратно доагање и доставување на документите студентите да ги пополнат и достават и следните документи

2.1 - Полномошно од родител на студент за потпишување на договор за сместување (да се завери на НОТАР)
2.2 - Изјава против пушење
2.3 - Формулар со основни податоци
Конкурс за студиската 2020/21 г.
за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во РСМ
Комплет документи
за пополнување и доставување во Домот согласно Конкурсот
Документи за Домот
документи потребни при упис во Домот
при склучување на договор за сместување