ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ
Објавено на 09-07-2020

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот најпрво треба да пополнат ЕЛЕКТРОНСКА ПРИЈАВА поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk
  (ќе биде активна во зададените рокови подолу)
ВИДИ ТУТОРИАЛ КАКО ДА НАПРАВИШ ЕЛ. ПРИЈАВА ВО САМО 10 ЧЕКОРИ


Роковите за електронското пријавување на студентите се
за II година и повисоките студиски години рокот почнува од 27.07.2020 година до 25.08.2020 година.
за I година (бруциши) рокот почнува од 07.09.2020 година до 21.09.2020 година.

По објавување на конечните списоци со примени студенти во домот, доколку останат непополнети места, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 28.09.2020 година.

Aко Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената
документација Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови

Студентите кои електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава
пред доставувањето на потребните документи.